Почетна Убавина и здравје Не постои покремлив колач од овој – се топи в уста! – Убавина и здравје

Не постои покремлив колач од овој – се топи в уста! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Ви го откриваме најдобриот рецепт за кремлив колач

Состојки:

За една кора (се печат две):

  • 4 белки
  • 4 лажици шеќер
  • 4 лажици мелени ореви
  • 4 лажици мелени бисквити
  • 5 г прашок за печиво

За филот:

  • 8 жолчки
  • 5 лажици шеќер
  • 5 полни лажици брашно
  • 700 мл млеко
  • 250 г маргарин или путер
  • 150 г шеќер во прав
  • 80 г млечно чоколадо
  • 80 г бело чоколадо
  • 100 г здробени бисквити
Приготвување:

Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени.

Матете ги белките со шеќер додека добиете цврста пена, па додајте бисквити, ореви и прашок за печиво. Соединете го сето тоа со лажица, па префрлете ја смесата во обложен плех со димензии 35 х 25 см и печете 12-13 минути.


Поврзани објави

Повторете ја постапката уште еднаш, па оставете ги корите да се оладат.

За филот, измешајте жолчки, шеќер и брашно со 200 мл млеко, а преостанатите 500 мл, ставете ги да зовријат. Кога млекото ќе зоврие, додајте ги жолчките и мешајте додека се згусне. Тргнете го филот од рингла, покријте го со фолија и оставете го да се олади.

Пенесто изматете маргарин со шеќер во прав. Изматете го оладениот фил од жолчки. Во филот од жолчки постепено додавајте маргарин и шеќер, со непрекинато матење.

Исечкајте ги двата вида чоколадо, па ставете ги во филот, додајте и здробени бисквити и сето тоа измешајте го.

На првата кора нанесете половина од филот, поклопете со другата кора, па нанесете го остатокот.

Декорацијата е по избор, а најпрактично и најлесно е да украсите со шлаг-крем од чоколадо.

Ставете го десертот да се олади, па послужете. Добар апетит!

ФОТО: Pika Žvan / Unsplash

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING