Со почетокот на студеното време, сите кои ги следат трендовите размислуваат како да ја освежат својата гардероба. Најчесто почнуваат од чизмите, па да видиме кои чизми веќе не се носат.
Доколку барате чизми кои ќе изгледаат стилски, модерни и практични за градски стил, следете ги советите на стилистката Нина Валдер.
Таа всушност ги истакнува чизмите кои не треба да ги купувате доколку сакате да изгледате модерно оваа есен.
Плитки чизми до глужд
Чизмите до глужд со години не го напуштаа модниот трон. Ги има во разни бои и материјали, но познатата стилистка тврди дека не се популарни оваа сезона.
Поврзани објави
Кратки чизми кои имаат крзно на врвот
Минатата година многу популарни беа чизмите украсени со крзно. Сепак, Нина тврди дека овој модел целосно ќе излезе од мода во есента 2024 година.
Долги набрани чизми
Популарни беа чизмите кои беа набрани, но веќе не се, затоа не ги избирајте за обновување на гардероберот.