Најголемо богатство е да се има дете, но овој пар не се чувствувал така кон своето новороденче
Еден маж открил дека тој и сопругата одлучиле да ја дадат својата тримесечна ќерка на посвојување, бидејќи не се вклопувала во нивниот стил на живот.
Таткото открил дека неговата сопруга Кетрин не била особено заинтересирана за нивната ќерка Елизабет откако се родила, а на работа се вратила само две недели по породувањето.
Рекол дека и двајцата се работохоличари и додал дека мајката на неговата сопруга поминувала најмногу време со Елизабет. На Редит таткото додал дека неговата сопруга никогаш не ја зела ќерката во прегратка.
Во друга објава споделил дека одлучиле да го дадат бебето на посвојување, бидејчи тие биле презафатени со работа за да се грижат за него.
Поврзани објави
Тештата збеснала кога дознала што одлучиле да направат, но на крајот се договориле таа да ја посвои ќеркичката. На прашањето на еден корисник на Редит зошто ја одбрал својата сопруга наместо ќерката, мажот одговорил:
„Се сеќавам на животот без дете. Не можам да се сетам на животот без мојата сопруга. Ја сакам ќерка ми, немојте да ме сфатите погрешно, тоа што одлучивме да ја дадеме на посвојување не беше лесна одлука. Но нејзиното присуство ја прави жена ми несреќна. На крајот на краиштата, навистина го посакувам она што е најдобро за Кетрин и за Елизабет и, искрено, мислам дека ова е најдобрата опција за сите.“
Што мислите вие за постапката на овој брачен пар? Можете да ја разберете или најстрого ја осудувате?
ФОТО: Michal Bar Haim / Unsplash