Почетна Македонија Не гледам можност за промена на преговарачката рамка, вели евроамбасадорот Гир

Не гледам можност за промена на преговарачката рамка, вели евроамбасадорот Гир

од nenad
1 минути читај за

Средбата со Муртезани, Гир ја оцени како „добар старт“, посочувајќи дека имал детален разговор за реформската агенда која е дел од планот на ЕУ за раст на Западен Балкан, за досегашната работа на скининг процесот и како да се продолжи врз тоа што е постигнато.

   

– Очекуваме блиска, регуларна и успешна работна врска со министерот и Министерството, изјави Гир.Во однос на пораката што се праќа со намалувањето од вицепремиерско на министерско место за европски прашања според Гир, важно е тоа што процесот на евроинтеграција останува високо на политичката агенда.

– Ова е тоа што Владата го вели. Ќе ја оценуваме Владата врз основа на тоа што го прави. Ако сака да продолжи напред на евроинтегративниот пат ние ќе бидеме цврсти и посветени партнери, изјави Гир.Прашан за планот на Питер Ванхојте за евроинтегративниот пат на земјава, Гир рече дека не е сигурен дека постои таков план, посочувајќи дека Ванхојте работи на проект, финансиран од Белгија, за градење на добрососедски односи во Северна Македонија и соседите.

– Но, надвор од тоа ние во ЕУ не сме поврзани со таа конкретна иницијатива, нагласи Гир.Министерот за европски прашања Орхан Муртезани посочи дека секоја помош во процесот на зачленување кон ЕУ е добредојдена, вклучителчно и помошта на Питер Ванхојте, но дека тој како новоназначен министер нема видено никаков конкретен план, за да може да даде коментар.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING