Холивудскиот актер Дик Ван Дајк открил како ги одржува ведриот дух и физичката кондиција
Актерот Дик ван Дајк е една од живите легенди на Холивуд. Многумина го паметат по култниот филм „Мери Попинс“, а со оглед на тоа што има оставено сериозна трага во американската кинематографија, тој и денес е интересен за јавноста.
Покрај тоа што наскоро ќе наполни неверојатни 99 години, тоа не го спречува да биде физички активен. Тој неодамна открил како ги одржува ведриот дух и физичката кондиција.
„Отсекогаш сум вежбал. Јас и мојата сопруга Арлин сè уште одиме во вежбалница три пати неделно и вежбаме. Верувам дека тоа е тајната на долговечноста и здравјето“, рекол Дик за Entertainment Tonight, па додал:
„Повеќето луѓе не сакаат да вежбаат на 98 години и се чувствуваат вкочането. Навистина се вкочануваш, но јас сè уште се движам прилично добро. И мислам дека тоа е тајната, бидејќи не внимавам на мојата исхрана или на нешто друго.“
А на прашањето што мисли за победата на Трамп на изборите, актерот кажал:
Поврзани објави
„За среќа, нема да бидам тука за да ги доживеам сите четири години од неговото владеење.“
Дик зборувал и за својот поглед кон светот и општеството:
„Омразата не е норма. Предрасудите не се норма. Сомнежот, љубомората, жртвувањето… ништо од тоа не е трансцендентална страна на човечката личност. Тоа се болести. Тие се канцери на душата. Тие се заразни вируси што човештвото со години ги одгледува.“
ФОТО: Принтскрин Инстаграм @official_dick_van_dyke