Пејачката Тања Савиќ проговори за проширувањето на семејството…
Тања Савиќ моментално ужива во љубовта со 11 години помладиот партнер Мухамед Муки Бешиќ.
Нивната романса процвета во странство, каде што живеат заедно со децата на Тања и уживаат во семејниот живот. Тања сега отворено ги сподели своите чувства и планови за иднината.
Скоро година и пол живееме заедно и навистина ни е одлично. Ги учиме децата на некои вредности на кои нè научија нашите родители и ги учиме да бидат добри луѓе“ – рече пејачката.
Кога станува збор за проширување на семејството, Тања со насмевка призна дека би сакала да има уште едно дете со Мухамед.
Поврзани објави
Секако дека сакам, но не за себе, туку за него, бидејќи не би било фер тоа да му го ускратам и да не му родам дете затоа што навистина се сакаме. Тој ги прифати моите деца и тоа навистина го ценам и почитувам. Ги запозна и моите родители. И пак велам, не сум совршена личност, можеби понекогаш ми е тешко и велам дека можеби тој е единствениот што би ме трпел. Јас секако не сум совршена, но мислам дека тој е совршен и го сакам таков каков што е. Му благодарам што ме прифати и што ме сака. Му верувам, ми ја врати вербата во љубовта“ – изјави Тања.
Фото: printskrin Instagram/tanja_savic_private
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: