Турскиот специјалитет со грав се приготвува брзо и лесно, а може да се послужи со кое било јадење
Барбунија Пилаки е традиционален турски специјалитет, односно грав динстан на маслиново масло со кромид, лук и домати. Станува збор за многу вкусно јадење што Турците го јадат како лесен ручек, предјадење или прилог со печено месо или риба. Се служи на собна температура или ладен, а се сервира попрскан со сок од лимон и магдонос.
Состојки:
- 500 г грав
- 3 моркова
- 1 домат
- 2 главици кромид
- 1 зелена пиперка
- 4 чешниња лук
- 3 лажици маслиново масло
- половина лажиче шеќер
- 1 шолја топла вода
- грст магдонос
- сол и бибер
- свеж лимон
Поврзани објави
Приготвување:
Потопете го гравот во вода вечерта пред да го готвите. Утредента, процедете го гравот и варете го додека омекне. Во големо тенџере загрејте маслиново масло и додајте сечкан морков. Оставете го да се динста неколку минути, па додајте кромид и пиперка. Крчкајте го сето тоа заедно околу 5 минути.
Додајте домат, лук и шолја топла вода. Зачинете по вкус. Откако гравот ќе зоврие, оставете го да се готви уште десетина минути. Додајте го сварениот грав во смесата со зеленчук, покријте го тенџерето со капак, но наполу, и оставете го овој специјалитет да се крчка околу половина час. Добар апетит!
ФОТО: Grooveland Designs / Pixabay