Премиерот Христијан Мицкоски на Илинденска беше пречекан од повеќе соработници, меѓу кои и од идниот шеф на кабинет и генерален секретар на Владата, кои слични обврски и задок имаа и во ВМРО-ДПМНЕ.Премиерот Христијан Мицкоски денеска на првиот работен ден во Владата беше пречекан од Владимир Нелоски и Игор Јанушев, од кои првиот треба да биде шеф на кабинет на премиерот, а вториот генерален секретар на Владата.Инаку, Нелоски беше претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ додека партиски лидер и премиер беше Никола Груевски и важеше за близок до тогашниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски.
Меѓутоа, по повлекувањето на Груевски, Нелоски стана близок соработник на Мицкоски и го водеше неговиот кабинет во рамки на ВМРО-ДПМНЕ, а двајцата често можеа да се видат како планинарат на Водно.Што се однесува до Јанушев, тој стана потсекретар на ВМРО-ДПМНЕ откако Мицкоски стана генерален секретар на партијата, во време кога падна во опозиција по пресвртните избори во 2016 година и упадот во Парламентот во 2017 година.
По поразот на локалните избори избори истата 2017 година, како што е познато, Мицкоски го зазеде местото на Груевски и стана партиски лидер, додека Јанушев го зазеде местото на Мицкоски и стана генерален секретар.Но, тој се повлече од оваа партиска функција по парламентарните избори во 2020 година, кога Јанушев ја предводеше пратеничката листа во третата изборна единица, но не го постигна очекуваниот резултат.
Во меѓувреме, Јанушев беше обвинет од страна на СЈО за набавката на кинеските автобуси како дел од Министерството за транспорт и врски, па дури и беше првостепено осуден на условна 2-годишна затворска казна.Меѓутоа, повисокиот апелациски суд ја поништи првостепената пресуда, што автоматски значеше и политичка рехабилитација на Јанушев, кој се споменуваше и како можен министер за полиција и за одбрана, но на крај завршува како генерален секретар на Илинденска.