Почетна Македонија Неколку функционери од ДУИ фрлија сенка врз функционирањето на целата влада, смета Ковачевски

Неколку функционери од ДУИ фрлија сенка врз функционирањето на целата влада, смета Ковачевски

од nenad
2 минути читај за

„Не се работи за надмоќ, туку се работи за, би рекол, несоодветно однесување на дел од функционерите на ДУИ. Јас не можам да ставам равенство помеѓу сите коишто функционирале во владата. Ние имавме, сепак, професионален однос.

   

Сите министри работеа во рамки на своите надлежности. Најголемиот дел од нив работеа 24/7, буквално така. Знам дека тој израз е како клише во државата, меѓутоа навистина работеа. Посебно економските министри, за да обезбедат сè што е потребно за антикризни мерки до финансирање на државата. Знаете дека имавме 2,6 милијарди евра антикризни мерки. Тоа се сè законски решенија, подзаконски акти, мерки итн. Од друга страна, имаше функционери кои не покажаа соодветно однесување, па дури се однесуваа и на несоодветен начин, што даваше една слика дека целата влада функционираше така, а не беше така“,вели Ковачевски.Притоа, тој вели дека никој никому не останал должен од заедничкото работење изминатите две и пол години.

„Во однос на односите со ДУИ, јас како претседател на влада сум имал коректен однос на ниво на министри. Бидејќи кога водите влада, вие водите извршно тело коешто носи секојдневно одлуки и сме имале соработка во рамки на законските надлежности и согласно со Законот за влада. На 25 јануари со завршувањето на мојот мандат заради законски одредби дека започнува мандат на техничката влада, тој однос веќе не постои. Со оглед на тоа дека во владата се влезени сите политички партии согласно закон за техничка влада, таму е сега и ВМРО-ДПМНЕ, и АА, и ДУИ, и СДСМ и сите други коалициони партнери, така што ниту некој некому должи нешто, ниту јас му должам на ДУИ, ниту ДУИ ми должи мене, ниту јас му должам на Али Ахмети, ниту Али Ахмети ми должи нешто на мене“,изјави Ковачевски во интервјуто за „360 степени“.

Тој не се согласува со констатацијата дека реагира задоцнето за ДУИ.Ги посочи ВМРО-ДПМНЕ како конзервативна партија и ДУИ како чиста етничка партија дека играат на картата на национализам.„Јас не можам, а да не замерам и на самиот Али Ахмети за извиците коишто ги кажуваше – ‘УЧК’, на митингот или во тие нивни настапи, меѓутоа се извици од минатото коишто воопшто не кореспондираат со меѓунационалната кохезија којашто ја има во државата. И овие избори не се избори за национализам, туку темата на овие избори е интеграција во Европската Унија, а извикување на такви извици е токму спротивно од интеграција во Европската Унија“,рече лидерот на СДСМ.Како носител во ИЕ 1, Димитар Ковачевски на 8 мај ќе бара доверба од граѓаните за продолжување на двегодишниот мандат.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING