Почетна Убавина и здравје Неколку совети за татковците кои имаат ќерки

Неколку совети за татковците кои имаат ќерки

од nenad
2 минути читај за

Неколку совети за татковците кои имаат ќерки

Објавено на 05/02/2024

За татковците ќерките претставуваат нешто посебно. Секој татко сака да биде херој во очите на неговата ќерка и еве неколку совети кои ќе помогнат да имаат поцврста и подобра врска со своите принцези.

    • Сакај ја нејзината мајка. Однесувај се кон неа со почит и огромна доза на јавно искажување на приврзаност. Кога малата ќе порасне, има голема шанса да се заљуби и да се омажи за човек кој се однесува со неа горе-долу како што ти си се однесувал со нејзината мајка. Без разлика дали е добро или лошо, тоа ќе се случи. Се надевам дека било добро.
    • Секогаш биди и на располагање. Не може да се постигне квалитет на времето поминато заедно, ако нема квантитет. Поминувајте време заедно без посебна причина, освен едноставната желба да се радувате на заедничкото присуство. Заинтересирај се искрено за работите кои ја интересираат неа. Таа има потреба нејзиниот татко да присуствува во секоја фаза од нејзиниот живот. Немој само да седиш настрана, додека таа додава години на својот живот… ти додавај живот на нејзините години.
    • Спасувај ја. Додека расте таа ќе бара херој. Многу нормално тоа може да си ти. Ќе има потреба да и притрчаш во помош повторно и повторно во текот на нејзиниот живот.

Страни: 1 2 3 4

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING