Почетна Економија Неколку лица загинаа и најмалку 13 ранети во терористички напад во Дагестан

Неколку лица загинаа и најмалку 13 ранети во терористички напад во Дагестан

од nenad
1 минути читај за

– Вооружени напаѓачи денеска отворија оган врз синагога, православна црква и полициска станица во рускиот северен кавказски регион Дагестан, при што убиле најмалку три лица, меѓу кои и двајца полицајци, соопшти Министерството за внатрешни работи на регионот.

Во нападите се ранети 13 лица, јавија руските медиуми повикувајќи се на изјави на претставници на Министерството за внатрешни работи.

Офицер и свештеник биле убиени во напад во синагога и црква во Дербент, дом на древна еврејска заедница во Јужен Кавказ. Синагогата била опожарена по нападот. Напаѓачите потоа побегнале со автомобил.

Полицаец е убиен во размена на оган во полициска станица во градот Махачкала, околу 125 километри северно долж брегот на Каспиското Море и главниот град на Дагестан, претежно муслимански регион во јужна Русија.

Престрелки се регистрирани и на улици во Махачкала. зш/ .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING