Почетна Економија Некои работи се случуваат само во Македонија

Некои работи се случуваат само во Македонија

од nenad
2 минути читај за

Во цивилизиран свет каде има функционален здравствен систем и правично судство, лекарите и здравствените работници се највредниот капитал на здравствениот систем. Заради ваквата вредност, освен што ја уживаат почитта од целото општество за својата улога, тие се и во извесна смисла заштитени со цел здравствениот систем да биде функционален а со тоа и да овозможува квалитетна здравствена заштита, пишува Нетпрес.

Нивната заштита не е апсолутна, туку во мерењето на резултатите од нивната работа се пресметани и многу други фактори, како факторот на услови во кои се работи и општ здравствен амбиент, факторот достапност на практики, медицински средства, персонал, апаратура итн.

А, ние остануваме парадигма за единствена земја каде се суди на доктор. Освен процесот за сторена измама, што се води против д-р Жан Митрев, можеме да се „пофалиме“ со уште еден пример за ставање на доктор во центарот на судски процес, д-р Бобан Вучевски. Но таа сага заврши со ослободителна пресуда, а процесот за д-р Митрев трае повеќе од една година и досега обвинителството ништо не успеа да докаже, напротив се поби самото себе.

Ако сме постојано предводени како мерило од западните примери и напредните демократии, во овој случај само би го посочиле примерот во САД, земја каде се почитуваат закони, се брани слободата на говор и владее демократија. Во оваа земја за време на ковид-пандемијата имаше издадено уредба, со која се обезбедува заштита на здравствените работници во услови на пандемија, со која се обезбедувал имунитет од одговорност во случај на загуба на пациент во текот на медицинскиот третман. Исклучок, се разбира, како што се вели во овој документ, било „намерното недолично однесување“.

За целиот текст на Нетпрес

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING