Овен
Работа: Овен, на почетокот на оваа недела ќе треба да се справите со заостанатите долгови, документи и да правите работи кои можеби сте ги запоставиле или едноставно немавте време да ги направите. Не дозволувајте работата да ви се натрупува затоа што наскоро нема да можете се да завршите. Не двоумете се да побарате помош од луѓе на кои им верувате. Самиот крај на неделата и месец септември носи нови деловни понуди онаму каде што најмалку очекувате, па бидете подготвени за акција во секој момент. Во овој период може да доминира се што е поврзано со странство. Некои финансиски обврски може многу лесно да се затворат, а доколку ви треба поголема сума на пари има поволни времиња за заеми и за сите видови кредити.
Љубов: Опуштена и стабилна љубовна ситуација ги очекува повеќето типични Овни кои се во бракови или врски. Посветете му повеќе внимание на партнерот, слушајте што има да каже и договорете се за се. Ве очекуваат попријатни моменти, дружење и накратко хармонична семејна атмосфера во која ќе уживате и двајцата. Со слободниот Овен можни се нови познанства, а некој ќе ви остави одличен впечаток. Уживајте.
Здравје: Овој период може да ви донесе поголема изложеност на стрес, што доведува до психосоматски пореметувања. Потрудете се да се справите со вашата психа и работете на себе.
Текстот продолжува на следната страна