Популарната пејачка Ана Николиќ денеска го слави својот 46-ти роденден, за што ги информираше своите фанови на социјалната мрежа Инстаграм, а објави и една од многуте честитки кои ги доби на својата приказна.
Среќен роденден и биди ни жива – пишувало во една од објавите.
Поврзани објави
Да потсетиме, Николиќ неодамна на својот профил објави заедничка фотографија со Ралет Ратковиќ со што ги подгреа гласините дека се помириле, но која е вистината останува да дознаеме.
Пејачката Ана Николиќ кариерата ја започна во 2003 година со албумот „Јануари“, а нејзините песни и по 21 година сè уште се едни од омилените кај регионалната публика.
Фото: Принтскрин Инстаграм @ananikolicofficial https://www.instagram.com/ananikolicofficial/