Поради техничките проблеми пријавени уште утрово, Државната изборна комисија (ДИК) го продолжи гласањето и по 19 часот на вкупно четири избирачки места. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски соопшти дека гласањето е најмногу продолжено на едно избирачки место во Гази Баба.
„Продолжување на гласањето ќе има во следните места: Зелениково, избирачко место 2376 до 20.20 часот, Гази Баба избирачко место 2544 до 21 часот, Центар, избирачко место 2796 до 20.35 часот и Кочани избирачко место 838/1 до 20.30 часот. Две или три од овие места се оние кои утрово имаа технички проблеми, така што нема многу избирачки места во кои ќе биде продолжено гласањето“, рече претседателот Даштевски.
Првичните неофицијални резултати од гласањето за претседател и за пратеници Даштевски најави дека ќе соопшти вечерва во 23.30 часот.
Извор : Kurir.mk