Осум луѓе загинаа синоќа додека се обидувале да го поминат каналот Ла Манш од Франција во Англија, соопшти француската полиција. Спасувачките служби биле алармирани откако гумениот чамец со 50 луѓе почнал да тоне.
Несреќата се случи за помалку од две недели откако 12 лица, меѓу кои шест деца и една трудница, загинаа кога потона брод со десетици мигранти. Во изминатите два дена зголемен е бројот на обиди за преминување на каналот поради мирното време. Француските поморски власти објавија дека во петокот и саботата за 24 часа биле спасени 200 луѓе