Почетна Економија Најмалку две лица загинаа откако се урна балкон во ноќен клуб во Мексико

Најмалку две лица загинаа откако се урна балкон во ноќен клуб во Мексико

од nenad
1 минути читај за

– Две лица загинаа, а 15 се повредени при уривање на балкон во ноќен клуб во мексиканскиот град Сант Луис Потоси, соопшти Државната служба за цивилна заштита на Мексико (ЦЕПЦ).

Несреќата се случила во ноќниот клуб „Рич“ во локалниот трговски центар Алтус, пишува мексиканскиот дневен весник Миленио.

Се наведува дека клубот немал соодветни дозволи за работа и оти директорот на трговскиот центар Маурицио Ордаз Флорес изјавил дека Државната служба за цивилна заштита извршила проверка на 15 март и утврдила дека клубот не ги исполнува безбедносните стандарди.

јт/Фото: Х скриншот .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING