Почетна Технологија Најмалку дваесет лица убиени во израелски напад врз училиште во Газа

Најмалку дваесет лица убиени во израелски напад врз училиште во Газа

од nenad
2 минути читај за


Меѓу убиените во нападот врз училиштето, каде престојувале раселени палестински лица, имало деца Израелските одбранбени сили (ИДФ) вчеравечер извршија воздушен напад врз училиште во Газа, кое служело како засолниште за раселени лица. Во нападот биле убиени најмалку дваесет лица, меѓу кои и деца, пренесува Гардијан. Утрово, пак, ИДФ нападнаа болница, при што биле убиени три лица, а уште околу 50 други лица биле повредени.

Дополнително, шатори во близина на болницата, каде престојувале раселени лица, се запалиле. Силите за одржување на мирот на Обединетите нации (УНИФИЛ) соопштија дека израелски тенкови насилно влегле во нивна база во текот на вчерашниот ден. Откако тенковите ја напуштиле базата, гранати експлодирале, што предизвикало многу чад во базата. Како последица на вдишување на чадот, петнаесет членови на персоналот на УНИФИЛ биле хоспитализирани со „необични симптоми“.

УНИФИЛ изјави дека инцидентот претставува уште едно „очигледно прекршување на меѓународното право“. Во последните денови израелските сили го проширија нападот во северниот дел на Газа, принудувајќи многу семејства да ги напуштат своите домови. Министерството за здравство на територијата апелираше во петокот да им се дозволи пристап на медицинските тимови до северниот дел на Газа, за да се овозможи евакуацијата на повредените и испораката на гориво до болниците.

Хеболах, пак, изврши напад со беспилотни летала врз воена база во централен Израел. Во нападот загинаа четворица војници, а седуммина други беа тешко повредени, соопшти израелската војска. Ова го претставува најсмртоносниот напад на Хезболах откако започна израелската копнена офанзива во Либан. Хезболах вели дека нападот е одмазда за нападот врз Бејрут во четвртокот, во кои загинаа 22 лица.

Пишува: Борјан Гаговски, МЕТА.МК

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING