Природната козметика се однесува на производите за нега на лице, коса и тело направени од природни состојки, без или со минимална употреба на синтетички материјали, конзерванси и други хемикалии. Состојките во природната козметика обично доаѓаат од растенијата, минералите, а понекогаш и од животински извори. Мирна Церовиќ, сопственичка на брендот на природна козметика Моба ни ја открива моќта на антиоксидансите и придобивките од нив, како и кои природни состојки се најефектни кога се наоѓаат во синергија со други состојки.
Хидратација
Хијалуронска киселина: апсолутно е неспорна за хидратација, бидејќи задржува и до 1.000 пати повеќе вода од својата тежина, што на кожата ѝ обезбедува длабока хидратација и свежина. Кога се комбинира со масло од шипка или бадемово масло, се создава совршено дуо за долготрајна хидратација и заштита.
Алое вера: ја смирува и ја хидрира кожата, одлично за сите типови кожа, особено за сува и иритирана кожа.
Против стареење
Масло од шипка: богато со витамин А (ретиноид) и есенцијални масни киселини, ова масло помага во регенерација на клетките и намалување на брчките, а истовремено го изедначува тенот. Одлично е во комбинација со хијалуронска киселина за дополнителна хидратација и еластичност.
Коензимот Q10 (или CoQ10) е природен антиоксиданс, присутен во сите клетки на човечкото тело. Тој игра клучна улога во производството на енергија во клетките, особено во митохондриите, каде што помага храната да се претвори во енергија. Познат е и по својата способност да ги неутрализира слободните радикали, што го прави важна состојка во негата на кожата, особено во формулите против стареење.
Борба против нечистотиите на кожата:
Масло од чајно дрво: познато по своите антибактериски и антигабични својства, исклучително е ефикасно за лекување на акни и за намалување на воспалението. Идеално е за локална примена во проблематичните области.
Бентонитна глина: длабоко ги чисти порите, ги извлекува токсините и вишокот себум од кожата, што ја прави совршена состојка за мрсна и проблематична кожа.
Кора од бела врба: содржи природни бетахидрокси-киселини (БХА), кои помагаат да се отстранат мртвите клетки од кожата, да се отворат порите и да се намалат акните. Благодарение на салицилатот, кората од врба има силно антиинфламаторно дејство и ги смирува иритациите, црвенилото и воспалението на кожата. Редовната употреба на производи со оваа состојка може да ја елиминира појавата на мрсен сјај и акни.
НАЈДОБРИ СИНЕРГИИ НА СОСТОЈКИТЕ ВО ФОРМУЛАТА
Витамин Ц и витамин Е
Витаминот Ц е моќен антиоксиданс, кој помага во заштитата на кожата од слободните радикали и го осветлува тенот. Витаминот Е го стабилизира витаминот Ц и ја подобрува неговата апсорпција во кожата, а во исто време обезбедува дополнителна заштита од оксидативен стрес. Оваа комбинација е идеална за заштита на кожата од оштетувања предизвикани од УВ-зраците и од загадувањето, како и за намалување на знаците на стареење.
Ретинол и ниацинамид
Ретинолот (витамин А) е познат по своите својства против стареење, го стимулира колагенот и го забрзува обновувањето на клетките.
Ниацинамид (витамин Б3) помага во намалување на воспалението, црвенилото и ја зајакнува функцијата на бариерата на кожата. Оваа комбинација ги ублажува иритациите од ретинол, а во исто време ја подобрува еластичноста на кожата, ги намалува брчките и го изедначува тенот.
Хијалуронска киселина и церамиди
Поврзани објави
Хијалуронската киселина е позната по својата способност да ја задржува влагата во кожата, додека церамидите помагаат во обновувањето на заштитната бариера на кожата, спречувајќи губење на влагата. Оваа комбинација е идеална за длабока хидратација и зајакнување на кожата, правејќи ја мазна, мека и поотпорна на надворешните агресори.
Салицилна киселина и ниацинамид
Салицилна киселина е бетахидроксилна киселина (БХА) која навлегува во порите и помага во отстранувањето на мртвите клетки и вишокот себум. Ниацинамид го смирува воспалението и го намалува производството на себум. Оваа комбинација е исклучително ефикасна за мрсна и проблематична кожа, бидејќи помага во ублажување на акните, црвенилото и затнатите пори, а истовремено ја подобрува текстурата на кожата.
Пептиди и антиоксиданси
Пептидите стимулираат производство на колаген и еластин, додека антиоксидансите, како што се витамините Ц и Е штитат од слободните радикали и го подобруваат тонот на кожата. Оваа комбинација е идеална за нега против стареење, бидејќи ги подобрува цврстината и еластичноста на кожата, измазнувајќи ги брчките и фините линии.
У&З ИЗБОР:
1. Крем со пептиди, Afrodita.
2. Серум со ниацинамид La Roche Posay, Mela B3.
3. Третман за чистење лице со салицилна киселина CeraVe.
4. Крем за лице со неоглукозамин, пептиди и ретинол, Neostrata.
5. Витамински крем за осветлување на кожата Anesi 3C.
6. Крем со хијалуронска киселина, Bioten.
7. Серум со ретинол, Vichy, Liftactiv Retinol Specialist Serum.
8. Дневен крем со коензим Q10, Nivea.
9. Масло од шипка Bio Roseship, Revox.
10. Гел за миење лице со алое вера Balea.
11. Ензимски тоник за лице, Afrodita.
12. 2 во 1 лосион и серум за тело со витамини, Alverde.
ФОТО: Pexels, PR