Почетна Убавина и здравје Највкусната пита со јаболка и сладолед! – Убавина и здравје

Највкусната пита со јаболка и сладолед! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Пример за неспоредлив деликатес е питата со јаболка направена од готови кори, а доколку сакате уживањето да го подигнете на повисоко ниво, послужете со сладолед од ванила. Вкусот е божествен.

Состојки:

Поврзани објави

1 пакување тенки кори за пита
5-6 големи јаболка
1/2 чаша шеќер
1 лажичка цимет
сок од половина лимон
2 лажици презла
100 гр путер, исечен на коцки
малку растопен путер или масло за премачкување на корите

Подготовка:

Јаболката измијте ги, излупете ги и крупно изрендајте ги. Истурете во сад и посипете со шеќер, цимет и сок од лимон. Додадете ја презлата и убаво измешајте.
Земете една кора и премачкајте ја со путер или масло, а одозгора ставете уште една. Намачкајте го филот со јаболка и малку путер. Свиткајте како и секоја пита и наредете во подмачкана тава. Повторете го ова додека не го потрошите целиот фил.
Премачкајте со растопен путер или масло и печете во рерна загреана на 200 степени 30-35 минути, додека корите не поруменат.
Извадете ја од рерна и кога малку ќе се излади, посипете ја питата со шеќер во прав. Послужете со сладолед од ванила.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING