Почетна Убавина и здравје Најбогатата домашна торта од ореви и јајца – совршена е за прослави! – Убавина и здравје

Најбогатата домашна торта од ореви и јајца – совршена е за прослави! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Пригответе охридска торта кога сакате да послужите десерт за паметење

Состојки:

За една кора (ќе ви требаат вкупно 3):

  • 5 јајца
  • 4 лажици ореви
  • 4 лажици кандирани јатки (грилијаш)
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица какао
  • 1 прашок за печиво

За сирупот за корите:

  • 400 мл вода
  • 200 г шеќер
  • За филот:
  • 10 жолчки
  • 200 г шеќер
  • 3 кесички ванилин шеќер
  • 500 г путер
  • 500 г мелени ореви

За грилијашот:

  • 130 г шеќер
  • 120 г крупни ореви
  • За карамелот:
  • 400 г шеќер
  • 200 мл вода
  • 150 мл павлака за готвење

* Преостанатите белки може да се изматат со шеќер и да се искористат како шлаг за декорација.


Поврзани објави

Приготвување:

Прво, направете го грилијашот така што ќе го стопите шеќерот, за да изгледа како карамел, па во него додајте ги оревите. Потоа, префрлете го тоа на хартија за печење и оставете го да се олади. Кога ќе се олади, скршете го грилијашот.

Пригответе ги корите така што ќе скршите 5 јајца, ќе додадете ореви, скршен грилијаш, брашно, какао и прашок за печиво. Сето тоа изматете го и испечете 3 такви кори.

Кога ќе се испечат, секоја кора убаво намокрете ја со сируп од шеќер и вода.

Пригответе го филот така што ќе изматите 10 жолчки со шеќер и ванилин шеќер, па ќе ги сварите на пареа. Во оладените жолчки се додаваат путер и ореви, па сето тоа се мати за да се добие мазна смеса.

Пригответе го карамелот така што ќе растопите шеќер, ќе додадете врела вода, па ќе изматите. Потоа, во таа смеса ќе додадете и слатка павлака, па сето тоа убаво ќе го изматите. Добиениот карамел сипете го во филот и измешајте.

Потоа, филувајте ги корите и украсете по желба.

ФОТО: congerdesign / Pixabay

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING