Почетна Убавина и здравје Нашата талентирана пејачка Наташа Миха сними уникатен видеозапис во Кина со смартфон! – Убавина и здравје

Нашата талентирана пејачка Наташа Миха сними уникатен видеозапис во Кина со смартфон! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Видеото за „Тука за мене“ го снимила на неколку локации низ Кина, во градовите Ханжу и Шангај

Нашата пејачка Наташа Миха периодов беше многу активна и имаше многу интересни случувања на професионален план. Имено, за време на нејзиниот службен престој во Ханжу, Кина, таа добила инспирација да сними видеозапис за „Тука со мене“, песна што ја следи секогаш кога е на пат, далеку од дома и од своите најблиски.

„Се започна лани, за време на мојата прва посета и престој во Н.Р. Кина. Импресионирана од тамошниот начин на живеење и функционирање, си замислив дека еден ден, таму на далечниот исток, ќе снимам спот за своја песна. Годинава, желбата ми се оствари. 

‘Тука со мене’ е мојот личен саундтрак за секоја нова ситуација која сакам да ја доживеам или споделам со мои луѓе. Песна која го отсликува чувството на носталгија, кога нечие присуство силно ни недостига. Песна за сите нови места, нови искуства, нови пријателства“, изјави Наташа.

Видеото за „Тука за мене“ го снимила на неколку локации низ Кина, во градовите Ханжу и Шангај, вклучувајќи го и кампусот Zhejiang Conservatory of Music, каде што имала можност да одржи концерти и работилници.

„Снимав со мојот смартфон и сакав да ги доловам сите оние мали и интимни моменти. Секојдневни ситуации што отсликуваат дел од културолошката разлика и кои би ги споделила со моите блиски луѓе“, додаде нашата пејачка.

 


Поврзани објави

Наташа се потпишува како автор на текстот и ко-автор на музичката, во соработка со Дамир Пух, кој ги има направено аранжманот, миксот и мастерингот на песната. Песната е снимена и реализирана во GreenRoom Sound студио.

Како професор по џез пеење на Музичката Академија во Штип, Наташа Миха годинава одржа работилници и концерти во склоп на China- CEEC и на покана на Zhejiang Conservatory of Music во Ханжоу, Кина.

Погледнете го овој уникатен видеозапис на Наташа Миха и уживајте во песната „Тука со мене“.

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING