Почетна Технологија Насилство и страв – Евреите од Берлин се загрижени

Насилство и страв – Евреите од Берлин се загрижени

од nenad
4 минути читај за

Навреди во подземната железница

   

Но Сегал, која ја води заедницата, раскажува и за многу други инциденти и меѓу редови се чита загриженоста за безбедноста. Имало вербални напади на улица или во јавниот превоз како на пример „убијци на деца“, потоа непријателски коментари на интернет, антисемитски написи на згради и влезови, откорнати малите прачки со стихови од Тората кои религиозните Евреи ги нанесуваат на влезните врати. „Имаме доста зголемена состојба на опасност по безбедноста на еврејскиот живот “, вели таа и додава дека „тоа не сме можеле ни да си го замислиме”.

Антисемитизам – зошто толку упорно опстојува

Сегал е една од погодените кои се јавија за збор при претставувањето на годишниот извештај „Центар за истражување и информирање за антисемитизам“ Берлин (РИАС-Берлин). Тоа што статистиката само со бројки и сепак толку застрашувачки го бечежи, таа го надополнува со вистинските приказни. Во 2023 година РИАС- Берлин има нотирано 1270 антисемитски инциденти во германскиот главен град. Тоа е најголем број откако институцијата е формирана во 2015 година и е пораст од околу 50 проценти во однос на претходната година. „7 октомри 2023 е пресврт”, вели шефицата на проектот РИАС – Берлин, Јулија Коп. Антисемитизмот од тогаш е „значително повеќе присутен“ отколку претходно во Берлин. Од 7 октомври, првиот ден на убиствениот напад од терористичката организација Хамас, се до крајот на годината имало во просек околу 10 антисемитски инциденти на ден. Опфатени се казниви и неказниви дејствија.

Коп објаснува дека еврејскиот живот во градот веќе се има променето. Евреите внимаваат на тоа да не бидат препознаени според религиозни симболи. Поединци дури и се преселуваат во други делови од градот заради посебна загрозеност.

„Трауматизирани и повредени”

Коп го наведува еврејскиот ресторан „Додас Дели”, кое долго време се наоѓаше и си имаше своја клиентела во Берлин Фридрихсхајн. По почетокот на теророт од Хамас бил уништен натписот и имало постојано закани и предупредувања да не се посетува Дели. „Сопствениците беа приморани да го напуштат маалото“, раскажува таа и додава дека наскоро треба да се отвори во Вилмерсдорф, на западот на Берлин. За комесарот за антисемитизам на еврејската заедница во Берлин, Сигмунд Кенигсберг, извештајот покажува „како големи делови од еврејската заедница во Берлин се трауматизирани и повредени”.

Пропалестински демонстрации во Берлин во средината на мај, 2024
Пропалестински демонстрации во Берлин во средината на мај, 2024Фотографија: RALF HIRSCHBERGER/AFP

Ситуацијата во Берлин, градот со најголема муслиманска и палестинска заедница во Германија, не е исклучок. Тоа го покажува извештајот на РИАС за 2023 година во Хесен, кој беше претставен на истиот ден. И таму почнувајќи од 7 октомври експлодираат бројките – повеќе од 60 проценти од регистрираните инциденти се случиле во последното тромесечје на годината. Претходниот ден експертите на „Здружението на советувалишта за погодени од десно, расистичко или антисемитско насилство“ зборуваа пред новинарите. Историчарот Јенс-Кристијан Вагнер, шеф на спомен местата Бухенвалд и Мителбау-Тора во Тирингија, посочи дека имало инциденти додека групи биле водени низ поранешните концентрациони логори. Дошло до антисемитски или анти-израелски забелешки, па дури и до заплашување на соработници на спомен местата. На прашањето дали сторителите во овие слуачи се од кругот на проипалестинско или муслиманско милје, тој вели дека по правило се „автохтони Германци“, односно Германци без било каква доселеничка позадина. Загриженост за безбедноста и телесниот интегритет имаат Евреите очигледно во сите делови од Германија, а не само во Берлин.

Сомнеж и фрустрација

Сепак, најчесто се чувствуваат заштитени од страна на полицијата и дека добро се внимава на нив. И од експертите на РИАС нема критика за однесувањето на безбедносните структури на антиизраелски демонстрации. Но, сомнежи и фрустрација сепак се присутни. Сегал раскажува како прозорците на едно еврејско семејство од нејзината заедница биле искршени со фрлени камења од децата на муслиманско семејство од соседството. Од полицијата го добиле советот „да се отселат од таму бидејќи не можат ништо да сторат“. Меѓу членовите на заедницата такви вести имаат страшно влијание. Одговорните морале да молат за погодените лица да покажат подготвеност да пријават такви инциденти. И тоа не го прават сите.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING