Почетна Економија Напуштањето на милениците е суровост за која не постои никакво оправдување

Напуштањето на милениците е суровост за која не постои никакво оправдување

од nenad
1 минути читај за

Имајте предвид дека ниту куче, ниту мачка кои се претходно чувани дома не се свесни за опасностите кои ги демнат од коли, други животни, или луѓе. И не, нема да се снајдат на улица. За нив загубата која ја чувствуваат по вас е неопислива и исклучително тешка, многу од нив очајуваат до степен да не јадат со денови и талкаат бескрајно за да го најдат своето човечко семејство.

   

Доколку мислите дека животното е:
–          Играчка
–          Статусен симбол
–          Начин да стекнете пари преку негово размножување и продажба на потомството
–          Слатко така малечко, но друг ќе се грижи за него кога ќе порасне
–          Создадено да чува и биде врзано на ланец
–          Добро само додека е слатко, весело, здраво
–          Предодредено на крај да заврши само, на улица или во стационар

НЕМОЈТЕ да земете животно.
Размислите убаво. Животните се човековиот најверен пријател. Но тие немаат избор и нивните судбини зависат од нас.
Повелете во ЈП Лајка каде за нова шанса молат бројни напуштени миленици.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING