Почетна Македонија Над 150 милиони евра дадени за гасоводи кои се недоградени или не се во употреба

Над 150 милиони евра дадени за гасоводи кои се недоградени или не се во употреба

од nenad
2 минути читај за




Во новиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за развојот на системот за гасификација стои дека во периодот од 2014 до 2023 година се потрошени 156,4 милиони евра за изградбата на магистралните гасоводи, а притоа истите не се во употреба или се недоградени.

   

Според ДЗР, главната причина за бавноста на имплементацијата на гасоводите лежи во запишувањето на правото на сопственост на линиските инфраструктурни објекти, како и во бавното решавање на предметите за експропријација, за кои од 2018 до 2022 година биле исплатени приближно 2 милиони евра.
„Имено, во периодот од 2014 до 2023 година за изградбата на магистралните гасоводи ЛОТ1-61 km (Клечовци- БС5 изграден) , ЛОТ 1 – 36 km (БС5 – Неготино со ГМРС Изградена гасоводна мрежа Постоечки гасовод ЛОТ 1-61 км Клечовци- БС5 изграден ЛОТ 1-36 км БС5 – Неготино со ГМРС Штип и ГМРС Неготино ЛОТ 2-92 км Неготино (Кавадарци) – Битола ЛОТ 5- 78 км Скопје-Тетово-Гостивар ЛОТ 5-34 км Гостивар-Кичево, Одобрение за градење Интерконекција со Грција (DESFA) ЛОТ 3 и 4 Основен проект Штип и ГМРС Неготино), ЛОТ 2 (Неготино (Кавадарци) – Битола) и ЛОТ 5 (км Гостивар-Кичево, Одобрение за градење) склучени се договори и анекси кон договорите, како и договори за непредвидени и дополнителни работи во вкупен износ од приближно 156,4 милиони евра. Најголем дел од нив иако се изградени сѐ уште не се ставени во употреба“, констатира ревизијата на ДЗР.

НОМАГАС, операторот за пренос на природен гас на целата територија на државата, исто така ја именува експропријацијата како главен причинител за бавноста на влегување во функција на гасоводите.
„Во тек се законско пропишани постапки за тестирање пред ставање во употреба, и за добивање на употребна дозвола. Поместувањето на роковите било заради дозна започната експропријација и бавното решавање на имотно правните постапки од страна на управата за имотно правни работи. Делниците ќе се стават во употреба кога ќе со добијат употребените дозволи, од Министерството за транспорт, но зависи и од изградбата на дистрибутивната мрежа“, велат од НОМАГАС.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING