Членството во Европската Унија е наша стратешка цел, остануваме посветени на реформите во клучните области. На покана на мојот италијански колега, Антонио Тајани, денес во Њујорк учествував на состанокот на министрите за надворешни работи од Западен Балкан и групата „Пријатели на Западен Балкан“. Фокусот на состанокот беше забрзувањето на процесот на европска интеграција на нашиот регион и предизвиците на тој пат.
Во моето обраќање ја потврдив нашата стратешка цел за членство во Европската унија и ја нагласив посветеноста за натамошни реформи, со фокус на владеењето на правото, борбата против корупцијата и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните. Ја повторив и посветеноста кон унапредувањето на регионалната соработка, особено во економијата и трговијата.
Изразив благодарност до земјите од групата „Пријатели на Западен Балкан“ за нивната досегашна поддршка и нагласив дека јасната европска перспектива мора биде столбот на стабилност и развој на регионот.