Одлична средба со мојот украински колега Андриј Сибиха, потврдена недвосмислената поддршка за Украина. За време на мојата посета на Њујорк, остварив средба со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха.
За време на средбата ја потврдив нашата силна поддршка за Украина и нагласив дека ќе продолжиме да ја поддржуваме на нејзиниот пат кон зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет. Ова подразбира поддршка на сите иницијативи и формати за обезбедување практична помош. Разговаравме и за одличните билатерални односи, и изразивме задоволство од одличната соработка на мултилатерален план.