Пејачката вчера роди момче, а денеска се заблагодари за честитките и откри како се чувствува…
Катарина Живковиќ се породи вчера во раните утрински часови и на свет донесе здраво момче, а ексклузивнооткри дека за наследник го избрала старото српско име Стефан.
Пејачката сега јавно проговори преку Инстаграм и во својата прва објава откако стана мајка им се заблагодари на пријателите и добрите луѓе за честитките.
Им благодарам на сите мои пријатели и добри луѓе за честитките, пораките и убавите желби. Голема благодарност и до докторката која се грижеше за мојата бременост, благодарение на неа овие девет месеци поминаа максимално безгрижно, до професорот Александар Јуришиќ кој ме породи. Им благодариме на сите лекари, акушерки и медицински сестри на ГАК „Народни фронт“ што се грижат за нас 24/7“ – напиша гордата мама.
Потоа откри како се чувствува таа и бебето:
Поврзани објави
Јас и мојот принц се чувствуваме одлично, среќата и љубовта што ги чувствувам за најубавата улога и битие… 02.08.2024 година стана центар на мојот свет, не може да се опише со зборови. „Многу ви благодарам“ – заклучи Каќа.
Фото: Инстаграм и pexels
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: