Почетна Убавина и здравје „Моето срце и понатаму има 20! И не се трудам да пораснам“ – Убавина и здравје

„Моето срце и понатаму има 20! И не се трудам да пораснам“ – Убавина и здравје

од nenad
5 минути читај за

Прочитајте ја искрената исповед на жената што влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстар учител по јога во светот. Наполни 100 години и несебично ни ги открива тајните на долговечноста. Запознајте ја Тао Порчон Линч.

На тринаесетти август 2018 година француско-индиската инструкторка по јога Тао Порчон Линч го прослави 100-от роденден. Без обѕир на овој троцифрен број, таа емитуваше ведар дух и енергија што е невозможно да се уништи. Во младоста, Тао се запознала со индискиот политичар Махатма Ганди (тој му бил пријател на нејзиниот вујко), учествувала со него на демонстрации. Одела и на митинзите на Шарл де Гол и Мартин Лутер Кинг. Успеала да ја преживее Втората светска војна.

Во мај 2012 година 93-годишната Тао влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстар учител по јога во светот. Таа не е холивудска суперѕвезда ниту светски позната пејачка. Тао Порчон Линч беше позната по својата љубов спрема животот, а уверена беше во следното: за да живеете долго – треба да го сакате тоа, како и да бидете среќни. Таа не ги криеше своите тајни од другите, а во една пригода ни ги откри и нам…

Слушајте го своето срце. И дозволете си себеси почесто да им се восхитувате на чудата на овој свет.

Правете го она што ви се допаѓа. Доколку не им штети на другите, немојте да размислувате за тоа дали може да ве осудат. Држејќи се до овој принцип, Тао носи облека со светли бои и високи потпетици, што „не одговара на нејзините години“, обожава вино и млечно чоколадо. „Никогаш не ме вознемирувале моите години – дури не ни сфаќав што зборуваат луѓето околу мене. На пример, кога имав 87, на општо чудење на околината, одлучив да се занимавам со балско танцување. Тоа ме правеше среќна.“

Верувајте во себе. „И ден-денес искрено мислам дека нема ништо што не би можела да го направам! Кога се будам, си велам себеси дека денес ќе биде најубавиот ден во мојот живот“, им кажа оваа жена на своите ученици.

Не дозволувајте им на стравовите и негативните мисли да завладеат со вашата свест. Тие се материјализираат и така дејствуваат на здравјето. Мислете позитивно!

Не правете култ од храната. Тао е уверена дека многумина јадат повеќе отколку што е потребно. Советува да размислиме за оние што се принудени да гладуваат пред да сипеме „само уште малку“ во чинијата.

Не одложувајте ги работите за утре. Утре никогаш не настапува. Минута по полноќ – тоа е веќе денес.


Поврзани објави

Живејте во хармонија со природата. Не е потребно да ја набљудувате, станете нејзин дел. Нема ништо лошо во тоа да танцувате во ритамот на дрвото што се ниша или да потпевнувате со ветрот. „Соберете ја во својот ум и тело целата музика на своето срце. Таа нека не ви дозволи да го губите времето попусто и да се откажете од чудата на стварниот живот.“

Не плашете се да научите нешто ново. „Држам јога повеќе од 75 години, но, како и секогаш, не се сметам себеси за мајстор и не учам духовна практика само од други инструктори туку и од моите ученици“, признава Тао.

Не потпаднувајте под влијание на негативните мисли. Ограничете го количеството информации што стигнуваат од Интернет и ТВ, не барајте кај околината негативен однос спрема себе и немојте да мислите дека само вие секогаш сте во право. Ценете ги луѓето и не ставајте се себеси над другите.

Задржете ја љубопитноста. Доколку го изгубите интересирањето за светот што ве опкружува и она што се случува во него, ќе паднете во меланхолија и сѐ ќе ви досади.

Никогаш не велете „Збогум“, туку „До наредната средба“! Првата варијанта звучи конечно, додека другата значи дека животот ќе ви подари нова шанса.

Тао Порчон-Линч (родена како Тао Андре Порчон; 13 август 1918 – 21 февруари 2020 година) беше американски мајстор за јога и наградувана авторка со француско и индиско потекло. Ја открила јогата во 1926 година кога имала осум години во Индија и студирала, меѓу другите, со Шри Ауробиндо, Б.К.С. Ајенгар, К. Патаби Џоис, Свами Прабавананда и Махариши Махеш Јоги.

На 101-годишна возраст, таа предаваше неделен час во Њујорк и водеше програми низ целиот свет. Таа е авторка на две книги, вклучувајќи ја и нејзината автобиографија, Танцувачка светлина: Духовната страна на битието низ очите на модерен мајстор за јога, која ја освои наградата IPPY во 2016 година и три меѓународни награди за книга во 2016 година.

Дипак Чопра рече:

Еден од најпознатите учители по јога на нашиот век, Тао Порчон-Линч… е ментор за мене кој го отелотворува духот на јогата и е пример за безстарото тело, безвременскиот ум. Како јогата, таа нè учи да се ослободиме и да имаме извонредна свесност во секој момент“.

Тао Порчон-Линч е добитничка на индиската високо престижна награда Падма Шри во 2019 година за нејзината одлична работа во областа на јогата.

Текст: Убавина и здравје

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING