Навистина не е потребно многу за среќен живот, а Катарина го докажува тоа со нејзиниот живот во оваа мала бајковита куќа
Сите сонуваме за куќичка што ќе си ја направиме сами, а токму оваа мала куќа е доказ дека соништата се остваруваат.
Катарина, заедно со сопругот, живее во најбаковитата куќичка што некогаш сте ја виделе. Посебен шарм ѝ дава стаклената тераса која е направена како продолжена дневна соба.
Со оглед на тоа што куќичката е сместена во природа, на брдо, буквално се добива впечаток како да живее надвор и како целата природа да е во нејзината градина.
Поврзани објави
Куќичката се состои од дневна соба, спална соба и бања, додека зимската градина, односно стаклената тераса, е најубавиот дел од оваа куќа.
Покрај тоа што е функционална, оваа куќа несомнено е најдобро уредената мала куќичка, која изгледа како да е симната од Пинтерест!
Погледнете го видеото во продолжение за да видите како изгледа секој агол од овој прекрасен дом…
ФОТО: Јутјуб/ Living Big In A Tiny House Living Big In A Tiny House