Почетна Економија Младата Мартина од Битола е девојката која загина во Грција Трите нејзини другарки се во болница

Младата Мартина од Битола е девојката која загина во Грција Трите нејзини другарки се во болница

од nenad
2 минути читај за




Младата Мартина М. од Битола е девојката која загина во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот Игнација во правец на Солун. Фејсбук групата „Бабам Битола“ објави и фотографија од девојчето. Со неа биле уште три девојки кои се здобиле со повреди, а на возраст од 24 и 25 години, сите од Битола. Според медиумите во Грција, возилото го управувала 25 годишна девојка, а се судрила со автомобил управуван од државјанин на Грција. Потоа во двете возила се забил уште еден автомобил, чијшто возач е исто така повреден. Се огласи и вереникот на македонската државјанка која загина во сообраќајната несреќа што се случи во петокот на автопатот Егнатиа во правец кон Солун, објави порталот Република.

   

– Со тешко срце и сили сакам да ги известам сите роднини и пријатели дека ја загубивме Мартина. Нема зборови со кои можам да ви опишам која карпа од човек е ова чупе, чекаме да се разбудиме од овој сон, недек ги остави сите кога најмалку требаше, Господ ни го зеде ангелот кој со пари не се купуваше, а повеќе не припаѓа на овој свет. Им посакувам опоравување на другите 3 девојки од кои две се во тешка состајба. Мартина, ти си нешто што со зборови не се опишува, нема збор во нашиот речник со кој можам да те опишам, храбра а толку мека, не бараше ништо освен љубов и внимание, најубава мистерија која некогаш постоела на овој свет, sвезда која ќе сјае на небото, ангел кој ќе сјае во рајот! Почивај во мир душо моја најсакана“, напиша вереникот на на 29-годишната битолчанка која вчера смртно настрада во сообраќајка на ввтопатот Егнатиа, во Република Грција..



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING