Почетна Економија Мицотакис: Целото внимание на Владата е насочено кон справување со секојдневните проблеми на граѓаните

Мицотакис: Целото внимание на Владата е насочено кон справување со секојдневните проблеми на граѓаните

од nenad
1 минути читај за

– Со оглед на тоа дека процесот на европските избори е завршен, Владата влегува во период кога целото наше внимание и повторно е насочено кон справување со проблемите поврзани со секојдневниот живот на граѓаните, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на средбата со претседателката на Грција, осврнувајќи се, пред сè на поскапувањата на цените, јави дописничката на МИА од Атина.

Тој посочи дека исклучително охрабрувачки е тоа што првпат постојат податоци што покажуваат „не само ограничување на инфлацијата, туку и вистинска деескалација на цените во супермаркетите“.

– Очигледно, нашите напори ќе продолжат сè додека инфлацијата не се врати на нивоата пред кризата и ќе продолжиме да инсистираме на пазар кој работи транспарентно, со правилни правила, со реална конкуренција, без олигополстичко и монополско однесување, рече Мицотакис.

На средбата со Сакеларопулу се осврна и на инцидентот предизвикан на атинскиот аеродром од поранешниот министер и, сега веќе, поранешен пратеник од Нова демократија Лефтерис Авгенакис, кој физички нападна вработен и беше избришан од пратеничката група на владејачката партија.

Мицоракис рече дека „ништо не им пречи на граѓаните повеќе од однесувањето на оние кои се на власт, со кое прикажуваат слика дека политичарите се различна класа граѓани, кои можат да се однесуваат на поинаков начин од кој било граѓанин“.

– Таквите однесувања не може да се толерираат.

И не може да се толерираат бидејќи го повредуваат кредибилитетот на политичкиот систем во целост и големиот напор што го правиме за одново да изградиме однос на доверба со граѓаните, рече Мицотакис.

ср/ми/Фото: Кабинет на грчкиот премиер .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING