Почетна Технологија Мицотакис на самитот ќе зборува за прекршувањето на Преспанскиот договор, Мицкоски подготвен да возврати

Мицотакис на самитот ќе зборува за прекршувањето на Преспанскиот договор, Мицкоски подготвен да возврати

од nenad
1 минути читај за

Грција најави дека на Самитот на НАТО во Вашингтон ќе се зборува и за Преспанскиот договор. Претходно и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најави дека македонскиот премиер Христијан Мицкоски ќе биде непријатно изненаден.

   

„Секако дека ќе се покрене прашањето за прекршување на основните одредби од Договорот од Преспа од соседната земја. Не знам за некоја планирана средба со премиерот на Северна Македонија. Не знам дали ќе се случи, но сигурно не постои нешто што е планирано од грчка страна.“, изјави портпаролот на грчката влада, Панос Амирас.Но и македонската страна замина подготвена во Вашингтон. Премиерот Мицкоски рече дека ќе замине подготвен со документ кој ќе ги содржи обврските од договорот, што Грција не ги исполнила.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING