Почетна Македонија Мицкоски ќе ја предводи македонската делегација на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Македонија

Мицкоски ќе ја предводи македонската делегација на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Македонија

од nenad
1 минути читај за




Утре во Приштина ќе се одржи меѓувладина седница помеѓу Македонија и Косово. Седницата ќе започне во 12:00 часот, а претходно ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерите Христијан Мицкоски и Албин Курти. Како дел од активностите на седницата, се предвидени и тет-а-тет средби помеѓу министрите од двете Влади, кои ќе разгледуваат можности за продлабочување на билатералната соработка во различни области. По завршувањето на седницата, ќе бидат потпишани билатерални договори и меморандуми за соработка, кои ќе ги отворат патиштата за нови иницијативи и проекти меѓу двете земји.

„Со оваа седница ќе ја унапредиме нашата соработка со Косово и ќе продолжиме да работиме на зајакнување на нашите билатерални односи“, информираат од владината прес-служба.

За крај, во 13:45 часот, ќе се одржи заедничка прес-конференција на премиерите Мицкоски и Курти, на која ќе бидат соопштени резултатите од средбите и новите договори.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING