Почетна Технологија Мицкоски на Самитот на НАТО-Ќе го промовираме мирот, стабилноста и владеењето на правото

Мицкоски на Самитот на НАТО-Ќе го промовираме мирот, стабилноста и владеењето на правото

од nenad
1 минути читај за

-Како држава, подготвени сме да го додадеме својот придонес на сето она што претставува вредност. Тука сме заедно со нашите сојузници да ја потврдиме нашата посветеност, како и досега така и во иднина, дека ќе го промовираме мирот, стабилноста и вледеењето на меѓународното право.

   

-И ние ќе го дадеме својот придонес, Македонија како држава има намера да продолжи на тој начин да функционира и да ги промовира вредностите. Како македонска влада, сакаме да бидеме рамо до рамо со нашите сојузници и да го потврдиме слободарскиот дух на македонскиот народ и на македонските граѓани.

Она што сакам да го потврдам исто така е дека остануваме посветени на исполнување на обврските, односно минумум 2% од БДП да бидат инвестирни во модернизација на нашата армија, нешто кое што е многу важно, затоа што само на тој начин ќе ги следиме современите чекори и ќе ја следиме најголемата светска одбранбена алијанса која што некогаш постоела, рече Мицкоски.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING