Почетна Македонија Мицкоски: Историски ден, време е Македонија да му возврати на секој чесен граѓанин

Мицкоски: Историски ден, време е Македонија да му возврати на секој чесен граѓанин

од nenad
2 минути читај за

Собранието денеска во 11 часот треба да ја почне седницата за избор на новата влада, предложена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој претпладнево по тој повод упати порака до јавноста, дека е време, како што рече, „Македонија да им возврати на чесните“.

   

По поднесувањето на предлогот за состав на владата и програмата за нејзината работа на 18 јуни, Мицкоски изјави дека очекува расправата за избор на владата да заврши во недела до полноќ, a од понеделник веќе да почнат со работа.

„Почитувани сограѓани,Денес е историски ден! Започнува собраниската дебата која ќе стави крај на периодот на неработење, криминал, лоши вредности и разочарувања.

Со изборот на новата реформска влада, конечно започнува ново поглавје за нашата земја. Македонија е нашиот дом.

Нашите граѓани во минатото се соочуваа со многу предизвици, но секогаш беа лојални кон државата и правеа се’ за таа да биде слободна, независна и просперитетна. Иако имаше разочарувања и предизвици, граѓаните опстојуваа и гордо ги поднесуваа сите случувања. Сега е време Македонија да направи повеќе за секој граѓанин. Секој Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Ром, Влав, Бошњак и сите останати кои вложија се’ за својата татковина.

Македонија треба да возврати. За вас! За тебе! За сите што живеат во оваа заедничка татковина. Време е да ги засукаме ракавите и да ги решиме проблемите. Повикувам на единство и заедничка работа. За нова Македонија, за иднината на нашите деца, за подобар живот за сите нас. Време е да се исправиме, да го искористиме нашето знаење, нашата енергија и нашата желба за промена. Да се обединиме во овој момент на историска трансформација. Да создадеме општество во кое секој граѓанин ќе може да ги оствари своите соништа и да живее достоинствено“, порача Мицкоски.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING