Почетна Технологија Мицкоски за изјавата на Агелер: Не гледам причина да не се додаде некој француски предлог плус за нашите барања

Мицкоски за изјавата на Агелер: Не гледам причина да не се додаде некој француски предлог плус за нашите барања

од nenad
2 минути читај за

Запрашан да го коментира ставот на американската амбасадорка Агелер дека Договорот од Преспа и преговарачката рамка не може да се репреговараат, премиерот Христијан Мицкоски рече дека договорот со Грција е реалност и дека тој е дел од уставниот поредок на Македонија како држава, но не гледа причина зошто да не се репреговара договорот со Бугарија.

   

– А што се однесува до уставните измени кои се дел од францускиот предлог кој е додаток на договорот за добрососедство, односно репреговарање на договорот за добрососедство, нашиот став е јасен, диктат и ултиматуми не преговараме, така што ако можел договорот за добрососедство да биде репреговаран не гледам причина зошто да не се додаде некој француски предлог плус кој ќе ги опфати барањата кои ги има македонски народ – рече Мицкоски.Премиерот порача дека владата нема да води политика на двојни стандарди како што тоа го прави официјална Софија.

– Не можеме да водиме политика на двојни стандарди. Ако бараме промена на Уставот со која неколку стотина наши граѓани кои велат дека се дел од бугарската заедница, тогаш треба да видиме што станува со оние граѓани во Бугарија кои велат дека се дел од македонската заедница.

Треба да се постави прашањето, зошто тие бараат да бидат дел од македонскиот Устав, дали нечии права се загрозени. Ако е така, тогаш треба да видиме која е таа институција во Европа која е одговорна да донесе одлука чии права се нарушени или не се.

Тоа е Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Ако го гледате семафорот, да се изразам спортски, гледате резултат 14-0. Имате 14 пресуди за македонската заедница во Бугарија чии права се ограничени или нарушени, односно 0 пресуди за бугарската заедница во Македонија.

Мораме да имаме политика која нема да се темели на двојни стандарди и се додека сум јас претседател на владата нема да водам поразлична политика. За мене се чудни изјавите на претседателот на Бугарија, Румен Радев кој испраќа изјави кои гледаат во минатото и се како од средниот век. Човек кој за себе вели дека е европски политичар, а на голема сцена ги укинува човековите права, вели дека ние сме биле против бугарската заедница. Не сме против нив, но бараме исто така од Радев да ги почитува правата на македонската заедница во Бугарија – додаде Мицкоски.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING