Почетна Технологија Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го почитува Преспанскиот договор, но во моите изјави ќе го користам името Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го почитува Преспанскиот договор, но во моите изјави ќе го користам името Македонија

од nenad
2 минути читај за

Христијан Мицковски/фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ
Мое човеково право, гарантирано со многу конвенции, е правото на слобода на изразување и говор. За мене мојата татковина во секоја моја изјава е Македонија и ќе остане Македонија. Целокупната институционална комуникација, која што е дел од законите и Уставот, ќе биде почитувана се додека тие закони и Устав се во сила онакви какви што се, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар Христијан Мицкоски.
Одговорот на хистеријата која, како што вели, се случува кај нашиот јужен сосед, Мицкоски рече го дал уште пред неколку недели и дека претпоставува дека тоа е дел од нивната предизборна кампања.

   

– Не очекувам талибански однос, цензурирање на елементарно човеково право, а се што е содржано во Преспанскиот договор и дел од нашиот правен систем и уставен поредок, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го почитува. Вклучително еве и решенијата за пратеници коишто ги добивме, ги добивме со придавката содржана. Вклучително и предлог законот којшто денес го доставувам, е со придавката вклучена во него, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Собранието.Не им се лутам, продолжи Мицкоски, на политичарите кога не го кажуваат целото и потполно име на нивната држава, туку едноставно крајот или дел од тоа име.

– Не можете да барате да се почитуваат законите, да владее правото, да спроведувате реформи, а од друга страна да сте лицемерни и кажувате работи коишто не се вистински и не можете да ги спроведете. Но во моите изјави ова ќе биде името, за мојата татковина, а тоа ќе биде е Македонија, изјави Мицкоски.
Ако на Самитот во НАТО се отвори тоа прашање, Мицкоски рече, дека неговата порака ќе биде дека би сакал да гради мостови на соработка, на пријателство со нашите соседи, вклучително и со нашиот јужен сосед, источен, северен западен.

– Македонскиот народ и граѓаните се мирољубиви луѓе, мирољубив народ којшто гостопримлив народ. така се однесувале. Очекувам така да се однесуваат и нашите соседи да соработуваме и да негуваме добрососедски односи, рече Мицкоски.Иако не би сакал, Мицкоски рече, дека може не само таму, туку на било кој форум да отвориме дебата па да видиме кој колку реализирал од Преспанскиот договор.
– Би сакал да зборуваме за инвестиции, за подобар стандард, за развој, за реформи. Тоа е она коешто го очекуваат граѓаните од нас, и тоа е она за коешто граѓаните го дадоа својот глас, изјави Мицкоски.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING