Џенифер Лопез повторно е таа старата – прекрасна и недопирлива!
Веќе со денови целиот свет зборува за разводот на латино-дивата Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек. И додека некои мислат дека обновата на романсата на славната двојка и венчавката беа само одличен маркетиншки трик, други со воодушевување ја прифатија веста за нивната свадба. Но среќата кратко им траеше, па документите за развод официјално се поднесени.
И додека Бен Афлек насмеано шета со децата периодов, Џеј Ло конечно се огласи на својот инстаграм-профил! Имено, таа сподели фотографија на која блеска и за миг доби лавина од коментари – сите се согласуваат дека никогаш не изгледала поубаво!
Средена фризура, комплетно нашминкана, Лопез позирала со остар поглед во камерата, додека некој ја фотографирал од страна.
На „Бенифер“ им дојде крајот
Џенифер Лопез и Бен Афлек се една од најпознатите холивудски двојки, чии врска и раскинување привлекоа големо медиумско внимание. Нивната романтична приказна, наречена „Бенифер“, го опфаќаше периодот помеѓу 2002 и 2004 година, повторно се смирија во 2021 година, а потоа и се венчаа во 2022 година. Меѓутоа, по неполни две години во брак, одлучија повторно да ѝ стават точка на љубовта, а дали овој пат тоа ќе биде дефинитивно, останува да видиме…
Поврзани објави
Тие се запознале на снимањето на филмот „Гигли“ во 2002 година. Нивната врска набрзо стана јавна, а двојката привлекуваше големо внимание кај медиумите и обожавателите. Во ноември 2002 година, Афлек ја запроси Лопез со прстен со розов дијамант, вреден 2,5 милиони долари.
Двојката ја планираше венчавката за септември 2003 година, но ја одложија само неколку дена пред церемонијата, а како причина за тоа го наведоа преголемиот притисок од јавноста. Во јануари 2004 година, двојката официјално ја раскина свршувачката и ја прекина врската. Раскинувањето беше голем шок за обожавателите и јавноста, а причините не беа детално објаснети, иако медиумите шпекулираа за притисокот од јавноста и различните кариерни цели.
Обнова на романсата
По речиси две децении, Џенифер Лопез и Бен Афлек повторно започнаа врска во април 2021 година, откако и двајцата ги прекинаа претходните врски. Нивната врска набрзо стана сериозна, а двојката повторно беше во центарот на вниманието.
Се венчаа во Лас Вегас во јули 2022 година на мала и интимна церемонија. Набрзо потоа, двојката организира и поголема прослава за семејството и пријателите.
Откако повторно се венчаа, повремено се појавуваа шпекулации за можни проблеми во нивниот брак. За Афлек со месеци се зборуваше дека изгледа несреќно, додека Џенифер Лопез често можевме да ја видиме со намуртен израз на лицето или со вештачка насмевка. Одамна веќе не се појавуваа заедно, а кога Лопез го прослави својот роденден без присуство на Бен, беше јасно дека веќе не се заедно.