Почетна Технологија Министерот Тошковски на средба со директорот на Агенцијата за одбранбена индустрија на Турција, Халук Ѓорѓун

Министерот Тошковски на средба со директорот на Агенцијата за одбранбена индустрија на Турција, Халук Ѓорѓун

од nenad
2 минути читај за




                    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (02.09.2024) оствари работна средба со директорот на Агенцијата за одбранбена индустрија на Турција, Халук Ѓорѓун. На средбата присуствуваа и високи претставници на компании од одбранбената индустрија на Турција.

На средбата, турската делегација ги претстави капацитетите и можностите што ги нуди турската одбранбена индустрија како лидер во регионот, во насока на опремување и зголемување на капацитетите на министерството во борбата против тероризмот, транснационалниот организиран криминал и нелегалната миграција.„Турција е еден од нашите најблиски партнери, заедно сме во НАТО, а нашиот взаемен пријателски и партнерски однос е верифициран со силна економска, трговска, безбедносна и културна соработка, на која двете држави остануваат посветени.

Ги разгледуваме можностите за соработка со турските компании производители во одбранбената и безбедносната индустрија за унапредување на капацитетите на нашата полиција. Градиме модерна и опремена европска полиција која ќе овозможи безбедност за секој граѓанин, бидејќи функционалноста на безбедносниот систем е предуслов за функционирање и напредок на правната држава и благосостојбата на нејзините граѓани“, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски ги претстави приоритетите на МВР во делот на дигитализацијата, континуирани обуки на вработените и јакнење на капацитетите за интегриран систем за гранично управување. Во таа насока директорот Ѓорѓун ги презентираше можностите и решенијата што ги имаат развиено и имплементирано со примена на најнови технологии како вештачката интелигенција.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING