Почетна Убавина и здравје Милица Павловиќ платила цело богатство за стајлингот на концертите во Нови Сад и Загреб! (ФОТО)

Милица Павловиќ платила цело богатство за стајлингот на концертите во Нови Сад и Загреб! (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за

Регионалната музичка ѕвезда Милица Павловиќ одржа два самостојни концерти во период од само седум дена, еден во Нови Сад, а потоа во Загреб…

Целиот регион коментира за тоа колку труд и енергија вложила српската ѕвезда Милица Павловиќ за публиката да доживее вистински аудио-видео спектакл.. Дека успеала во целта потврдуваат многубројните пофалби на социјалните мрежи.

Пејачката потрошила неверојатни 80.000 евра само за изработка на костимите на кои имало повеќе од половина милион кристали Сваровски.

Очекувано, Павловиќ на концертите носеше брендирани штикли од 5.000 евра. На сцената за време на настапот носеше и очила од брендовите „D&G“ и „Punway“, чија цена е 1.300 евра.

Поврзани објави

Во Нови Сад и Загреб носеше обетки, прстен и нараквица од брендот „Тифани“, кои првпат ги видовме на неа на концерт во Белград. А цената? Вистинска ситница. Накитот кој го носеше за време на концертите е неверојатни 40.000 евра.

Ако ги соберете сите бројки, ќе дојдете до заклучок дека Милица Павловиќ потрошила неверојатна сума од 126.300 евра само за потребите на нејзиниот стајлинг и изглед на споменатите концерти!

Фото: Инстаграм
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING