Почетна Економија МЗШВ: Прекинат уште еден ланец на нелегална сеча на дрва во Кичевско

МЗШВ: Прекинат уште еден ланец на нелегална сеча на дрва во Кичевско

од nenad
1 минути читај за

Во заедничка акција на Шумска полиција од Кичево со граничната полиција, во атарот на село Колари пресретнат е камион со огревно дрво од државни шуми без документи за превоз, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 За сторителите се поднесени соодветни пријави до институциите, камионот со кој е превезувано дрвото е одземен и складиран во Полициската станица во Зајас.

Од Министерството посочуваат дека продолжуваат акциите во соработка со МВР, Шумската полиција и Национални шуми.

 Максимално ќе се вложиме за стопирање на криминалот и трговијата со нелегално дрво и во борбата против нелегалната сеча на дрвата, се наведува во соопштението. ев/ФОТО: МЗШВ    .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING