Почетна Економија Меџити – Прескер: Словенија е подготвена да ја поддржи нашата држава на патот кон ЕУ интеграција

Меџити – Прескер: Словенија е подготвена да ја поддржи нашата држава на патот кон ЕУ интеграција

од nenad
1 минути читај за

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска остварил средба со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер.

 На средбата, како што соопшти МЖСПП, се разговарало за досегашната соработка меѓу двете држави кои што имаат потпишано Спогодба за развојна соработка помеѓу Владата на  Република Северна Македонија и Владата на Република Словенија и формирано заедничка Мешовита комисија за билатерална соработка помеѓу двете влади.

 Вицепремиерот Меџити истакнал дека Словенија за нас е пример во делот на заштитата на природата, инвестирањето во зелена економија и зелениот развој.

 Амбасадорот Прескер ја потврдил подготвеноста на Словенија да ја поддржи нашата држава на патот кон ЕУ интеграцијата и на имплементација на активностите со кои ќе се забрза зелениот развој на државата.

Покрај другото, Меџити и Прескер разговараа и за тековните политички прашања. дма/нд/Фото: МЖСПП  .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING