Почетна Македонија Меџити најави затворање на депонијата во Липково

Меџити најави затворање на депонијата во Липково

од nenad
1 минути читај за

   

 

Меџити кажал дека во рамките на ИПА2 Програмата за животна средина и климатска акција предвидени биле значајни проекти за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион. „Проектот опфаќа набавка на возила и контејнери на соодветните региони, вклучително и општина Липково, која ќе добие камион за собирање смет и 139 контејнери. Планирано е затворање на повеќе нестандардни депонии, вклучително и депонијата во Липково (Никуштак) и пет други помали депонии во Матејче, Горна Рупа, Лојане 1, Лојане и Гору“, наведено е во соопштението на Владата.

 

Се очекува да биде потпишан договор кон крајот на август и тогаш да апочне теренската работа.Во меѓувреме, мал дел од депонијата ќе остане отворен до изградбата на регионалната депонија во Свети Николе. По изградбата на регионалната депонија, отпадот од Липково ќе се транспортира до друг пункт во Куманово, а потоа до регионалната депонија во Свети Николе. Во нестандардната депонија во Липково ќе се вршат активности како преобликување на телото на депонијата, тампонирање стар отпад, изградба на пасивен систем за собирање гас и покривање на депонијата со здрава почва. Депонијата се наоѓа на стрмна падина и е далеку од секакво водно тело.„Дејствуваме за доброто на граѓаните, за поздрав живот и почиста животна средина“, изјави Меџити.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING