Почетна Свет Меѓу двата пописа Општина Пустец со 43 отсто помал број жители

Меѓу двата пописа Општина Пустец со 43 отсто помал број жители

од nenad
1 минути читај за

Резултатите од пописот на населението во Албанија покажуваат дека општина Пустец, единствената македонска општина во земјата, е меѓу четирите општини со најголем пад на бројот на жителите.

Пустец е меѓу 55 општини во Република Албанија каде што е регистрирано намалување на бројот на населението, стои во анализата на весникот „Монитор“. Процентуално, општини со најголем пад на населението, меѓу двата пописа, се општина Селеница со 48%, Пук со 44%, Пустец и Рогожина со 43%.

Од вкупно 61 општина, колку што се, според последната територијална поделба, само во 6 од нив има зголемување на популацијата.

Податоците од пописот од 2023 година покажуваат дека има значително зголемување на населението во општините каде што доминира грчкото малцинство и тоа Дропул за 135%, Химара со 45% , Саранда со 11%. Во Тирана бројот е повисок за 7,3%, наведува „Монитор“.


Post Views:
48

Извор : vesnik-ilinden.com

Меѓу двата пописа Општина Пустец со 43 отсто помал број жители

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING