Почетна Убавина и здравје “МЕТЕОАЛАРМ” АКТУЕЛНА НАЈАВА: Викендов многу топол бран од Африка повторно ќе ја зафати Македонија – Очекуваме температури од близу 40 степени

“МЕТЕОАЛАРМ” АКТУЕЛНА НАЈАВА: Викендов многу топол бран од Африка повторно ќе ја зафати Македонија – Очекуваме температури од близу 40 степени

од nenad
1 минути читај за

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Пред нас е нагла и голема промена на времето, и тоа гледано по температурите на воздухот и сето тоа особено лошо ќе влијае врз метеопатите кои ќе почувствуваат поголеми здравствени проблеми.

Изминатиов период имавме навистина свежо време, особено во ноќните и во утринските часови кога имавме есенски температури на повеќе места во Македонија. Понекаде во државава температурите во утринските часови се спуштија дури и под 10 степени.

Веќе од овој викенд нашата територија ќе подпадне под влијание на нов многу топол бран од Африка, па така температурите нагло и позначително ќе порастат. Насекаде тие ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи до близу 40 степени.

Времето ќе биде претежно сончево и стабилно а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.

За време на овој викенд и во Скопје и околината ќе имаме стабилно, сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 34 и 36 степени.

Ув индексот пак ќе има многу висока вредност и ќе има коефициент 9, па токму поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING