Почетна Свет Мета со честитка до Гордана Сиљановска Давкова за победата

Мета со честитка до Гордана Сиљановска Давкова за победата

од nenad
1 минути читај за

Најсрдечни честитки и искрени желби за успешно исполнување на високата задача, на првата избрана жена за претседател на  Македонија Гордана Сиљановска Давкова, упатува во честитката поранешниот албански претседател Илир Мета.

Искрено верувам, додава Мета во честитката објавена на социјалните мрежи, дека таа ќе одигра многу важна улога во натамошното зајакнување на „одличните меѓусоседски односи меѓу нашите две земји и народи, како и во подобрувањето на меѓуетничкиот соживот во Македонија”.

Убеден сум дека претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе даде нов поттик на билатералните односи во поглед на перспективата на заедничка интеграција и што поскоро во Европската Унија, напиша Мета на Фејсбук.

Мета на функцијата претседател на Република Албанија беше од 24 јули 2017 до 24 јули 2022. Тој сега е лидер на Партијата на слободата, која се смета за трета партија по членство во земјата.

 


Post Views:
45

Извор : vesnik-ilinden.com

Мета со честитка до Гордана Сиљановска Давкова за победата

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING