Почетна Балкан Мекларен ќе биде подготвен да се бори за титула идната сезона – Курир

Мекларен ќе биде подготвен да се бори за титула идната сезона – Курир

од nenad
2 минути читај за
Норис: Мекларен ќе биде подготвен да се бори за титула идната сезона

Формула 1 тимот Мекларен ќе може да атакува на титулата следната сезона, изјави денеска тимскиот возач Ландо Норис, кој минатиот викенд победи на трката за ГН на САД во Мајами.

Тоа беше прва победа за Мекларен од 2021 година, кога Даниел Рикардо и Норис завршија на првите две места во Монца.

Мекларен е најуспешен тим во историјата на Ф1 според бројот на победи, но нема освоено титула од 2008 година, кога шампион беше Луис Хамилтон.

Одговорајќи на новинарско прашање, дали Мекларен може да се бори за титулите во поединечна и конкуренција на конструктори, Норис рече дека апсолутно е убеден во тоа.

„100%. И на почетокот на годината реков дека можеме да победиме. Сакам да верувам и потребна ми е таа самодоверба за следната година кога ќе можеме да го направиме следниот чекор“, рече Норис.

Извор : Kurir.mk

Норис: Мекларен ќе биде подготвен да се бори за титула идната сезона

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING