Почетна Македонија Медицинските сестри ќе донираат и подготвуваат оброци за лицата со социјален ризик

Медицинските сестри ќе донираат и подготвуваат оброци за лицата со социјален ризик

од nenad
2 минути читај за




Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението „ЗА НАС“ по повод меѓународната недела на сестринството, која секоја година се одбележува во периодот од 5-ти до 12- ти мај, донесе одлука да донира оброк за социјално загрозените лица и бездомните лица во реонот на град Скопје. Намирниците се донирани од членарините на здружението, а оброците ќе бидат подготвени лично од медицинските сестри.

   

Имено, во соработка со хуманитарната организација „Св.Спас“ и отецот Оливер Петровски, денес во црквата Св.Петар и Павле (Горно Лисиче) во црковно-народната кујна здружението „ЗА НАС“ ќе донира намирници со кои ќе се подготвуваат оброците, а подоцна, околу 12 часот истите ќе бидат разнесени низ пунктовите за 230 штитеници во црквите: „Св. Спас“ (Драчево), „Св. Николај Чудотворец“ (Аеродром), „Св. Архангел Михаил“ (Автокоманда), Св. Јован Крстител (Бутел) и „Св. Петар и Павле“ (Ѓорче Петров).

„Ова е уште еден момент каде сакаме да ја истакнеме хуманата страна на нашата професија, особено во еден ваков период кога се во тек големите велигденски празници и празнувањето на светската недела на медицинската сестра. Нека биде ова пример и поттик за секој поединец или поголема организација, кои се во можност да придонесат кон градењето на поголема општествена одговорност.“ – истакна сестра Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата на ЗМСТАС и ЗМСТАС „ЗА НАС“.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING