Почетна Економија МВР: Убиство во Тетово, во жртвата е пукано од „мерцедес“

МВР: Убиство во Тетово, во жртвата е пукано од „мерцедес“

од nenad
1 минути читај за




Убиство се случило вечерва во Тетово, потврди полицијата. Жртвата е маж со иницијали Р.Т. на околу 40-годишна возраст.

„Во 20.35ч. во СВР Тетово е пријавено дека на ул. Штипска едно лице кое било со возило ‘мерцедес’ пукало кон возило ‘бмв’ во кое било лицето со иницијали Р.Т., кое од добиените повреди починало. Полициски службеници од СВР Тетово преземаат интензивни мерки и активности за расчистување на случајот“,информираат од МВР. Според дел од медиумите на албански јазик, станува збор за продолжение на пресметката меѓу две семејства која започна по едно судско рочиште, а кулминираше кај болницата во Тетово.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING